Вучиќ: Решение за спорот со Косово кон крајот на април

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Србија Александар Вучиќ рекол дека решение за Косово ќе предложи до крајот на април и додава дека идеите за поделбата и слични модели се несериозни.

– Мислам дека треба да имаме идеи и позитивна насока во решавањето на тоа прашање. Повеќе пати искинав хартии на кои беа напишани различни предлози за Косово, рекол Вучиќ и предизвикал громогласен апалуз од публиката во емисијата „Кирилица“.

Претседателот на Србија додал дека разноразни предлози за Косово добивал од страна на дипломатите од Западот.

– Не можат Србите се да изгубат, а Албанците се да добијат, нагласил Вучиќ.

Претседателот рекол дека не сака да учествува во било што што земјата би ја втурнало во војни.

– Јас секако ќе излезам со предлог, биејќи не сум бил кукавица ниту кога ги спроведовме фискалните реформи, со што се фалиме и гордееме. Ќе имам храброст да кажам што е предлогот. Ако не би го имале, ќе имаме замрзнат конфликт, додал Вучиќ.

Leave a Reply