Второ авионско прскање против возрасна форма на комарци во Куманово

Сподели со своите пријатели

Се известуваат граѓаните на општина Куманово дека на ден 15.07.2024 година (понеделник), во раните утрински часови (од 05:00 до 08:00 часот) на територијата на Општината ќе се изврши второ авионско прскање против возрасна форма на комарци.

Loading...

Третманот ќе се изврши на површина од 1.500 хектари: централно градско подрачје, прочистителна станица ЈП “Водовод” – с. Добрашане, по течение на реките Кумановка, Липковка, Којнарка, месните заедници Бабин Дол, Гоце Делчев, Тоде Мендол.

При извршување на третманот ќе се користи препаратот Aqua K-Othrine 2 EW.

Неопходно е пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Сите сплотени да продолжиме да чекориме по патот на нашите револуционери

Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманот, истиот ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.

Интегрално соопштение: Општина Куманово