Втора најтопла година во историјата на Европа

Сподели со своите пријатели

Во 2022 година, Европа ја доживеа втората најжешка година во историјата, а климатските промени предизвикаа екстремни услови кои го намалија приносот на културите, ги исушија реките и доведоа до илјадници смртни случаи, објавија денеска научниците од Европската служба за климатски промени Коперник (C3S).

Loading...

Тие, исто така, објавија дека 2022 година била петта најтопла година во светот од најмалку 1850 година, иако податоците на C3S датираат најрано од 1950 година, пренесува Ројтерс.

„Веќе ги доживуваме разорните ефекти од затоплувањето на светот“, рече заменик-директорката на C3S, Самната Бургес, која повика на итна акција за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и прилагодување на климатските промени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Илјадници царски пингвини угинаа на Антарктикот

Минатото лето беше најжешкото во Европа досега, со силни топлотни бранови кои предизвикаа околу 20.000 смртни случаи повеќе од нормалното во некои европски земји, вклучително и Франција, Германија, Шпанија и Британија.

Во комбинација со недостигот на дожд, топлината предизвика голема суша, а ниското ниво на водата го забави транспортот по реката Рајна, додека недостатокот на дожд влијаеше на производството на хидроенергија и го намали приносот на пченка и соја, пренесува Ројтерс.

Според агенцијата, глобалните температури ќе престанат да растат само ако земјите ги намалат емисиите на CO2 на „нето нула“, односно не испуштаат повеќе гасови во атмосферата отколку што отстрануваат, а 27 земји од ЕУ, Велика Британија, Канада, Јапонија и други земји се обврзаа за да се постигне оваа цел до 2050 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Илјадници царски пингвини угинаа на Антарктикот