Вселенскиот интернет наскоро ќе ја покрива Земјата

Сподели со своите пријатели

Благодарение на Starlink, Илон Маск е сè поблизу до целта што ја постави пред неколку години – Интернетот од вселената ќе биде достапен за луѓето во руралните области каде било на Земјата.

Loading...

Тој на својот профил на Твитер откри дека до крајот на оваа година, поголемиот дел од нашата планета ќе биде покриен со интернет „Старлинк“ и дека во 2022 година нема да има места каде што не стигнува неговиот сигнал.

Патем, Starlink се состои од сателити лансирани во ниска орбита, а бројот на сателити кои ја обезбедуваат услугата „вселенски интернет“ на корисниците каде што нема инфраструктура за друг вид, само ќе се зголеми.

Еден дел од населението во САД веќе може да користи Starlink интернетот, чија брзина е помеѓу 50 Mbps и 150 Mbps, а латентноста е малку поголема во споредба со класичниот интернет – помеѓу 20 ms и 40 ms.

Маск вети дека до крајот на оваа година, латентноста ќе биде најмногу 20 ms, и дека, по некое време, брзината на интернетот ќе се искачи до 300 Mbps. Сепак, квалитетот на услугата ќе зависи и од локацијата на корисникот.

Ако се прашувате колку чини ова задоволство, а тоа веќе го знаете – плаќате еднаш за инсталирање на терминал и специјален рутер, а потоа месечната претплата е „тривијална“ 99 американски долари.

Leave a Reply