Вселената би можела да биде преплавена со „дијамантски дожд“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Група научници предупредија дека универзумот може да биде преплавен со „дијамантски дожд“ од планетите низ универзумот, откако забележале чудна формација длабоко во Уран и Нептун додека ги проучувале врнежите.

Loading...

Научниците претходно теоретизираа дека екстремно високиот притисок и температура ги претвораат водородот и јаглеродот во цврсти дијаманти илјадници километри под површината на ледените џинови, но новото истражување, објавено во списанието Science Advances, сугерира дека „дијамантскиот дожд“ може да биде почест од што се мислеше до сега.

 

 

Имајќи предвид дека Нептун и Уран се најчестата форма на планети во нашиот Сончев систем, овој феномен би можел да се случи на пошироко подрачје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  НЕВЕРОЈАТНА ГЛЕТКА: Слон се прошета низ центарот на градот (ВИДЕО)

Доминик Краус, физичар од германската истражувачка лабораторија HZDR и еден од авторите на студијата, рече дека врнежите од дијаманти се сосема различни од дождот на Земјата.

„Дијамантските дождови“ научниците ги објаснуваат како феномен што се јавува откако под површината на планетата ќе се најде „жешка, густа течност“, што доведува до формирање на дијаманти кои тонат до карпестите јадра на повеќе од 10.000 километри под површината.

Loading...

Со цел да се повтори процесот, група научници ја пронашле потребната мешавина од јаглерод, водород и кислород во лесно достапен извор – ПЕТ пластика, која вообичаено се користи за секојдневно пакување на храна и течност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СНИМКА КОЈА ГИ РАСПЛАКА СИТЕ: Се омажи во болница за да ја исполни последната желба на татко ѝ

„Кислородот, кој е присутен во големи количини на тие планети, навистина помага да се одвојат атомите на водород од јаглеродот, така што всушност е полесно да се формираат дијаманти“, вели еден од научниците.

Експериментот може да укаже на нов начин за производство на нанодијаманти, кои имаат широк и растечки опсег на апликации, вклучувајќи испорака на лекови, медицински сензори, неинвазивна хирургија и квантна електроника.