Врнежите попладне ќе престануваат, од утре постепен порст на температурите

Сподели со своите пријатели

Преку ноќта и особено во вториот дел од ноќта почести врнежи од оджд има на исток и особено на југоисток, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во последниве два часа нова нестабилност има на југозападот на земјата и таму има појава на грмжи и понекаде и поинтензивен дожд.

Во 5 часот облачноста се зголеми уште повеќе, а дува и поинтензивен ветер во северните делови и во појужните делови од Пелагонија.

Врнежите и во утринските часови ќе се преместуваат кон исток и североисток, а во средината на денот се уште ќе биде повремено нестабилно со пороен до вечерва..

Денес ќе преовладува променливо облачно, ветровито и свежо време со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Наместа можни се поинтензивни врнежи од  пороен дожд и грмежи и понекаде локално вкупно ќе наврнат и над 25 л/м2 воден талог и тоа особено на северот и во планинските региони на запад и на исток. До вечерните часови врнежи ќе има на југот и југоистокот. Утре ветровито ќе е од преку ноќта, а ќе дува и повремено засилен северен ветер особено попладне, вдолж Повардарието и кон североисток. Дневната температура денес ќе е пониска за 8 до 10 степени во однос на денешната.

Во утре (вторник) ветерот се уште повремено ќе засилува но ќе започне период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Температури слични на денечниве ќе има на крајот од работната недела, но со посвежи утра.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.