Врнежи од дожд на првиот ден од викендот

Сподели со своите пријатели

И денеска во текот на денот ќе преовладува врнежливо време, освен во утринските часови кога ситуацијата ќе биде стабилна, но веќе во претпладневните часови таа слика ќе започне да се менува пишува порталот МетеоПро.мк.

Новиот влажен бран ќе продре од запад со што таму ќе зпаочнат и врнежите, а подоцна истиот ќе биде проширен низ територијата на целата земја, но сепак поинтензивно ќе остане на западот.

Минималната темература ќе има вредност од 3 до 5, а максималната до 15 степени.

Во Куманово и околината во текот на денот не очекува облачно време со повремени врнежи од дожд во текот на денот, кои кон вечерта ќе започнат да слабеат, ќе дува јужен, повремено југозападен ветер. Максималната температура во текот на денот ќе се искачи до 12-от степен, додека во текот на ноќта истата ќе се спушти на 3 степени целзиусови.

До понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и умерен до засилен јужен ветер. Повеќе врнежи ќе има во текот на утрешниот ден во западните делови, каде локално се очекува да наврнат над 20 л/м2. До среда температурите ќе бидат во постепен пораст.