Врнежи, грмежи и ветер до 80 километри на час

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност, во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува засилен, повремено силен ветер од западен правец, кој во западните делови на моменти ќе достигнува брзина и над 80 км/час. Минималните температурни вредности ќе бидат од 4 до 11 степени, а максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 22 до 29 степени целзиусови.

Кумново и околината денес исто така ќе бидат зафатени од локално невреме, проследено пред се со врнежи и грмежи, но и умерен ветер од западен, односно југозападен правец. Максималната дневна температура сепак ќе остане висока и ќе изнесува 26 степени, а во текот на ноќта истата ќе се спушти на 8 степени целзиусови.

Во наредните денови следува период на стабилно и топло време со умерен југозападен ветер.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.