Времето денеска тивко и сончево

Сподели со своите пријатели

Денешниот ден најпрвин ќе започне со слаба магла низ дел од котлините и клисурите, која нема да влијае многу на видливоста, а во текот на денот ќе имаме претежно сончево и мирно време, информира порталот метеопро.мк.

Loading...

Во утринските часови низ целата држава ќе имаме ниски температури и студено време со вредноси кои ќе се движат од 0 до 3 степени целзиусови.

Во кот на денот ќе имаме пријатно и сончево време и температура во интервал од 17 до 20 степени целзиусови.

Во Куманово и околината најниската утринска температура ќе изнесува три степени, а во текот на денот температурата ќе достигне до 17-от степен. Ќе имаме стабилно, тивно и сончево време.

Слично време не очекува во текот на наредните денови, но дневните максимални вредности ќе опаѓаат за по еден степен.