Временска прогноза за Куманово за оваа работна недела

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта времето беше Умерено облачно, на планините дува умерен ветер од северозападен правец.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21 степен.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува умерен ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 14 степени.

Во деновите што следуваат во кумановско, ќе имаме слично време до четврток. Најтопло ќе биде во среда со дневен максимум од 17 степени целзиусови, но и услови за слаб дожд во попладневните часови.

Дождот веќе во четврток ќе ја намали температурата на 8 степени, по што во петок и сабота ќе има преодно стабилизирање.

Loading...

Веќе во недела повторно се најавуваат слаби врнежи од дожд, но температурата ќе остане на високи 17 степени.

Никола Ивановски

Leave a Reply