Вреќи песок ќе се постават на најкритичните точки на реките во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во просториите на Општина Куманово денеска беше одржан состанок  на Општински штаб за заштита и спасување, а во врска со добиеното известување од Регионалниот центар за управување со кризи за  временската прогноза и најава за евентуално невреме и поројни дождови.  

Loading...

На состанокот покрај Градоначалникот Максим Димитриевски беа присутни и претставници од јавни комунални претпријатија, ТППЕ Куманово, АД Водостопанство Куманово, РЦУК Куманово, ДЗС-ПОЗС Куманово, СВР Куманово, АРМ, ЈЗУ Општа болница Куманово, ЦЈЗ Здравствен дом Куманово,  ОО на Црвен Крст Куманово и надворешен соработник Борис Секирарски. На состанокот беа донесени следните заклучоци и препораки:

  1. Членовите на Општинскиот штаб со претставници од други релевантни институции веднаш да излезат на терен заради увид во моменталната состојба на критички точки на реките и речните корита како и интервенција на најкритичните места со поставување на вреќи со песок во соработка со Водостопанство Куманово и екипи на ЈП ,,Чистота и зеленило,, Куманово и ЈП ,,Водовод,, Куманово;
  2. Јавните претпријатија под надлежност на општината  да имаат спремно екипи кои ќе бидат во приправност за делување при евентуална поплава, како и да ги стават на располагање своите материјално –технички ресурси;
  3. ЈП ,,Водовод и канализација,, – Куманово и понатаму да продолжи со проверка на шахтите и одводните канали;
  4. Доколку се јави потреба да се побара помош од Дирекција за заштита и спасување за вклучување на човечките и материјачно-технички ресурси;
  5. Во случај на настанување на поголема непогода или поплава и  доколку се врши евакуација на лицата  како евакуационо место е определено да биде училишната сала на ОУ ,,11 Октомври,, Куманово;
  6. Апел до граѓаните, поради појава на електични празнења да не престојуваат на отворено и под осамени дрвја како и да не ги паркираат своите возила под дрвјата особено по теченијата на реките и градските паркови;
  7. Поради појава на електрични празнења можно е да дојде до прекин на електрична енергија;

Во случај на ризик или опасност од временските услови, граѓаните да пријават на бесплатниот телефонски број 195 во Центар за управување со кризи.

Leave a Reply