Враќање на големиот актер: Ова е трејлерот за новиот филм на Жарко Лаушевиќ (видео)

Сподели со своите пријатели

Мома е бездомник кој живее во напуштена фабрика и страда од депресија. Ема е бездомничка која живее во шахта и се лечи од алкохолизам.

Loading...

Тие почнуваат да живеат заедно во потполна сиромаштија.

Накратко, тоа е дејството на новиот филм ”Смрдлива бајка” на сценаристот и режисер Мирослав Момчиловиќ во која главна улога ја толкува Жарко Лаушевиќ и Јелена Ѓокиќ.

Инспирацијата за ова приказна ја најдов набљудувајќи пар бездомници, маж и жена и тоа како се држат за рака. Тоа беше еден од најемотивните сцени кои ги имам видено. Ги следев некое време. Живееа во канализациона шахта.

Двајца јунаци, два анти – херои, понижени, осудени, отфрлени од сите, ја откриваат силата на љубовта во себе и во сопственото простување на гревовите.  Тие на некој начин претставуваат спасители на се` што е убаво, се` што не` прави луѓе, вели режисерот за ТВ куќата Б92.

Мојата намера е да се обидам тие ”невидливи луѓе да ги направам видливи”. Клуч на мојот режисерски пристап лежи во самиот наслов на филмот под име ”Смрдлива бајка”. Сликата и тонот треба да го пренесат единството на противностите. Смрдеа и бајка.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.