Вработените во Твитер постојано ќе работат од дома

Сподели со своите пријатели

Социјалната мрежа Твитер објави дека нејзините вработени кои добиле дозвола за работа од дома за време на епидемијата на коронавирус (КОВИД-19) ќе можат да продолжат да работат од дома на неодредено време, доколку сметаат дека е потребно.

Loading...

Извршниот директор на компанијата Џек Дорси изјави дека вработените можат да продолжат да работат од дома дури и откако ќе бидат укинати мерките против коронавирусот во нивните земји, објави порталот „Tech crunch“.

Нè претвори ли коронавирусот во интернет зависници?

Дорси рече дека вработените не мора да бидат присутни во канцелариите на компанијата, освен персоналот за кој е потребно физичко присуство, како што е инсталација и одржување техничка опрема.

„Нашиот пристап кон оваа проблематика беше исклучително чувствителен од самиот почеток. Ние станавме една од првите компании кои се преселија во деловен модел од дома. Безбедноста на нашите вработени и нашата заедница останува наш приоритет”, се вели во соопштението на компанијата.

Јутуб забрани медицински непотврдена содржина

Компанијата е со седиште во американската држава Калифорнија, а во „Твитер“ се вработени 4.900 работници.

Leave a Reply