Нè претвори ли коронавирусот во интернет зависници?

Сподели со своите пријатели

Ова е времето на дигиталните медиуми. За време на кризата со коронавирусот, интернетот стана извор на витални информации и ги поврза луѓето што работат од дома до нивните канцеларии.

Loading...

Услугите за „стриминг“ на филмот и музиката обезбедуваат добредојде на паузата од вознемирената реалност, а компјутерските игри ги занимаваат децата со вишок енергија.

НАЈПОПУЛАРНИ АПЛИКАЦИИ ВО МАРТ: TikTok на врвот

Но, дали тоа претставува дополнителен ризик од развој на зависност?

„Можеби, но придобивката го надминува ризикот“, одговара д-р. Берт те Вилтт, главен доктор на Клиниката за психосоматски болести во малиот германски град Дизен.

„Во професионалниот свет главно се занимавам со неговите штетни ефекти, но во ова време интернетот е главно позитивна работа“, рече тој.

Фејсбук воведе нови реакции на објавите поврзани со пандемијата

Од видео повиците кои овозможуваат контакт со семејството и работа преку „онлајн“ часови за готвење до континуирано образование, сите овие се предности на интернетот, објаснува тој.

Loading...

„Се надевам дека еден ден ќе можеме да кажеме дека дигиталните медиуми беа вистински благослов во оваа криза“.

Но, тоа не значи дека нема да има негативни последици и дека нема да се зголеми бројот на зависници.

Процут на 5G уредите: Во оваа држава се очекува продажба на 8,4 милиони уреди

Возрасните кои живеат сами се изложени на посебен ризик, рече тој. Мажите би можеле да се навикнат на интернет порнографијата, а адолесцентите на социјалните мрежи.

„Важно е да се одржи самодисциплината и да не се занесеме целосно“, рече Вилтт, додавајќи дека ова се однесува не само на дигиталните медиуми, туку и за консумирање алкохол или никотин.

„Ако спаѓате во група на луѓе со негативни навики и рутини сега, ќе биде тешко да се ослободите од нив во наредните недели и месеци“, предупреди тој.

Наскоро сами ќе можете да го подесите квалитетот на видеата на Јутуб

За да го спречи ова, Вилт препорачува некои позитивни и аналогни рутини – на пример, да се воздржат од дигиталната технологија за првиот и последниот час од денот, да се избрише прашината од некои друштвени игри или книги.

Loading...

Вистината за тоа дали 5G мрежата го предизвика коронавирусот (ВИДЕО)

Leave a Reply