Вработените во СВР Куманово даруваа крв (фото)

Сподели со своите пријатели

Отсекот за превенција при СВР Куманово денеска ја организираше редовната крводарителска акција во просторитие на кумановската полиција заедно со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Општинската организација на Црвениот Крст Куманово.

 

Loading...

 

Акцијата утринава започна во 9 часот, кога беа дарувани околу 30тина крвни единици, но според очекувањата од надлежните до 15 часот биле соберени околу 70-тина.

Отсекот за превенција согласно годишната програма за дарување на крв спроведува три крводарителски акции ова е втора, на секои четири месеци по една. До сега значи одзивот е задоволителен, преку 20 единици имаме соберено, сметаме дека како и секоја година така и оваа година од 60 до 100 крвни единици, зависи од температурите, сега се малку специфични температури, зависно од одзивот на колегите, припадници на Министерството за внатрешни работи од 60 до 100 крвни единици се собираат – изјави Марјан Павличек, Самостоен инспектор за сообраќајни работи при Отсек за превенции.

 

Според Павличек, секоја година има нови припадници на МВР кои се одзиваат на акцијата со цел некому да спасат живот.

 

 

Loading...

Орце Неделковски денеска по 31ви пат даруваше крв, а ги повика и своите помлади колеги да го сторат истото.

Имам дарувано за коледарски клуб, рибарски клуб, по потреба кога ќе ме повикаат, во неколку случаи имам и така дарувано. Дарувајте крв, затоа што со тоа помагате на некого, спасувате човечки животи и се обновува крвта во вашиот организам што ви го подобрува и здравјето – вели Неделковски.

 

Крв даруваше и Зоран Милковски и тоа по 12ти пат.

Кој сака да помогне нешто добро е, не е страшно кој има намера да помогне за нечиј живот значи добро е – вели Милковски.

 

Од Институтот за трансфузиона медицина акцијата ја опишаа како успешна.

Инаку ова е втора крводарителска акција, а следната се очекува да биде спроведена на есен согласно меморандумот за соработка помеѓу МВР и Институтот.