Вознемирувачка снимка: Луѓе заробени под урнатините молат за помош (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди рано утринава јужна Турција и беше почувствуван во поголем дел од земјата, како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија.

Loading...

Неколку часа подоцна, околу 13:30 часот по локално време, земјата ја погоди нов земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала.

Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега изнесува повеќе од 1.500, а илјадници се повредени.

Во тек е голема спасувачка операција.

Се стравува дека бројот на жртви може да биде многу поголем бидејќи земјотресот ги фатил повеќето луѓе на спиење.

Илјадници луѓе сѐ уште се под урнатините, а Телеграф објави снимка на која некои од нив молат за помош.

Ве предупредуваме дека видеото содржи вознемирувачка содржина

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.