Возило удрило во велоспедист во Куманово

Сподели со своите пријатели

На 18.02.2018 година околу 05.40 часот на ул.„11-ти Октомври“ во Куманово, патничко возило „Сеат Кордоба“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Џ.Ш. (61) од Куманово удрило во велосипед управуван од С.Б. (56) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од ударот,велосипедистот С.Б. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничка болница Куманово, но поради сериозноста на повредите веднаш бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.

Leave a Reply