Возило на „Македонија пат“ изгоре во липковско

Сподели со своите пријатели

Возило сопственост на Јавното претпријатие „Македонија пат“ изгорело вчеравечер во липковско.

Loading...

– На 07.12.2021 во 22.12 часот во Полициското одделение Матејче било пријавено дека во селото Алашевце, општина Липково, на патот Слупчане – Белановце, настанал пожар во товарно моторно возило сопственост на „Македонија пат“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. 

Никола Ивановски