Возило изгоре во пожар во кумановско

Сподели со своите пријатели

Во СВР Куманово вчера било пријавено дека на паркинг пред маркет на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово настанал пожар на патничко моторно возило„рено лагуна“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Т.Т.(33) од Куманово, информираат од кумановската полиција.

Loading...

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, пожарот го гаснеле четворица пожарникари во период од 15:10 до 15:45 часот.

Leave a Reply