Возила без возачи, вештачка интелигенција, роботи! Вака изгледа јапонскиот паметен град на иднината (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јапонија отсекогаш ни била позната како земја со напредна технологија и „футуристички“ работи, а сега одлучија официјално да изградат паметен град на иднината во таа земја.

Loading...

Почетокот на населбата ќе стане жива лабораторија за тестирање на примена на нови технологии, како што се автомобили што управуваат самостојно и роботи.

Главните извори на електрична енергија ќе бидат водородни горивни ќелии и соларни панели, а во градот ќе има три типа улици: за пешаци; за велосипеди, скутери; и трето за возила што управуваат самостојно.

Автономните возила со електричен шатл ќе бидат задолжени за испорака.

Градот ќе биде целосно фокусиран на намалување на „јаглеродниот отпечаток“, така што главниот градежен материјал за куќите ќе биде дрво.

Здравјето на жителите во куќите ќе го следи вештачка интелигенција, додека разните роботи ќе им помагаат на луѓето во секојдневните задачи.

Изградбата на градот на иднината започна на местото на поранешната фабрика на Тојота во близина на Токио и ќе трае пет години. По тој период, таму ќе се населат првите 360 станари: стари лица, семејства, научници и пронаоѓачи-иноватори.

Кога ќе биде целосно завршен, експерименталниот паметен град на иднината ќе има 2.000 жители.

Loading...

 

Leave a Reply