ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Одрони кај Маврово, намалена видливост на планинските превои

Сподели со своите пријатели

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози.

Loading...

Врнежи од слаб дожд има на патиштата низ целата држава. Поради појава на магла видливоста е намалена од 50-100м на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

На патниот правец крак Маврово-Маврови анови поради појава на одрони се препорачува крајно внимателно возење.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Никола Ивановски

Leave a Reply