Возачот кој усмрти жена во Скопје бил под дејство на алкохол и канабис

Сподели со своите пријатели

Во Основното јавно обвинителство – Скопје се преземаат истражни мерки против осомничениот триесет и седум годишен скопјанец, кој вечерта на 7 јули со возило „опел“ удри во пешак, објави Основното Јавно Обвинителство на својата веб страна.

Loading...

Надлежен јавен обвинител изврши увид на лице место по случената сообраќајна несреќа, во која животот го загуби едно лице. Издадени се наредби за вештачења, подигнати се траги од местото на настанот.

Обвинителот нареди и вршење на обдукција над починатото лице.

Според првичните сознанија добиени од анализата на крвта и урината од возачот на автомбилот, констатирано е дека истиот бил под дејство на алкохол. Имено, во крвта се пронајдени 1.52 промили алкохол, додека пак во урината 2.41 промили. Во урината на осомничениот се детектирани и метаболити од психоактивна сустанца што ја содржи растението канабис.

Надлежниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка. Против осомничениот кој во моментов е на болничко лекување, ќе бидат преземени натамошни активности во насока на обезбедување на докази и расветлување на настанот.​