Возач удрил со автомобил во вработен од Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Четириест и деветгодишен кумановец бил повикан на службен разговор под сомнение дека удрил во вработен во Општина Куманово додека ги извршувал работните обврски.

Loading...

– На 27.07.2023 во СВР Куманово бил извршен службен разговор со М.Х.(49) од Куманово. Тој се сомничи дека околу 12.30 часот на ул.„Тоде Мендол“ со возило „шкода фабиа“ со кумановски регистарски ознаки удрил во Д.Д., вработен во општина Куманово, кој извршувал работни задачи на улицата со негов колега, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Во разговорот, како што додаваат од полицијата, М.Х. го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски