Володин: Леопардите ќе бидат уништени како и фашистичките тигри

Сподели со своите пријатели

Претседателот на руската Дума, Вјачеслав Володин изјави дека тенковите што Германија ќе ѝ ги испорача на Украина ќе ја доживеат истата судбина како оние од Втората светска војна.

Loading...

Тој објави порака на каналот Телеграм по повод 80-годишнината од битката кај Сталинград.

„Како што покажа историјата, не сите ги научија лекциите од уништувањето на нацистичка Германија во Сталинград“, рече тој, пренесува Спутник.

„Поранешната канцеларка Ангела Меркел, додека беше на функцијата, ја мамеше меѓународната заедница и сопствениот народ, му помогна на режимот во Киев да се подготви за војна. Актуелниот канцелар Олаф Шолц отиде чекор понатаму донесувајќи одлука да испрати германски тенкови во војна против Русија. Нивната судбина ќе биде иста како пред 80 години. „Леопардите“ ќе бидат израмнети исто како и фашистичките „тигри““, рече Володин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се урна бомбардер во Русија (ВИДЕО)

Претседателот на Думата додаде дека германските власти треба да се сеќаваат на 1943 година и да објаснат на нивните граѓани зошто повторно го воведуваат германскиот народ во војна.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.