Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека трошоците за одбрана и безбедност за следната година од буџетот на Украина ќе бидат „барем“ на истото ниво како оваа година, односно околу 38 милијарди евра.
Тој рече дека околу 2,7 милијарди евра ќе одат директно за производство на оружје, вклучувајќи ја и украинската „флота на беспилотни летала“, што според него покажува добри резултати, според Блумберг.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претходно денеска изјави дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина се додека е потребно и повтори дека ЕУ во следните четири години ќе понуди 50 милијарди евра за финансирање инвестиции и реформи.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.