Водостојот на Пчиња само 10 сантиметри

Сподели со своите пријатели

Само десет сантиметри изнесува водостојот на Пчиња, покажуваат последните мерења направени утринава во 07:30 часот.

Loading...

Според мерната станица на Управата за хидрометеоролошки работи лоцирана во атарот на селото Пелинце, водостојот на Пчиња веќе подлг временски период е околу 10 сантиметри, а во текот на изминатиот месец беше спуштен и до само осум сантиметри.

Долгиот период без дождови во текот на август предизвика и наместа реката целосно да престане да тече.

Моменталниот водостој на реката е далеку под просекот за овој период ако се спореди со изминатите години кога изнесувал 34 сантиметри.

Најави за врнежи од дожд има дури за од средината на следната работна недела, што носи надеж дека ќе се наполни коритото на Пчиња.

Никола Ивановски