Водостојот на Пчиња двојно поголем за неполно деноноќие

Сподели со своите пријатели

Водостојот на реката Пчиња порасна двојно во текот на неполно деноноќие, покажуваат денеска податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Според мерењата напревни утринава во 07:30 часот на мерната станица во селото Пелинце, нивото на вода во реката Пчиња изнесувало 52 сантиметри.

Тоа е двојно повеќе во споредба со мерењата направени вчера околу 16 часот, кога водостојот изнесувал 26 сантиметри.

По подолг временски период Пчиња го надмина просекот за овој период од годинава, кој изнесува 47 сантиметри.

Покачување на водостојот бележи и реката Кумановка. Мерната станица во село Доброшане утринава покажала водостој од 43 сантиметри, што е за пет сантиметри повеќе од вчера.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Со ребаланс на буџетот ќе исплатиме 13та пензија на пензионерите

Сепак од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека нема опасност од излевање на ниту една река, иако водостоите се покачени.

Се очекува во текот на вечерта врнежите целосно да престанат, а водостоите да опаѓаат.

Никола Ивановски

Loading...