Водостојот на Дунав никогаш не бил понизок

Сподели со своите пријатели

Генералниот директор на Институтот за водостопанство „Јарослав Черни“, Дејан Дивац денеска изјави дека водостојот на Дунав на својот тек низ Србија „никогаш не бил понизок“, и дека „цела оваа година бил под просечниот проток“.

Loading...

Дивац за РТС изјави дека „досега во овој период од годината нема пониски измерени водостои на Дунав“, пренесува Нова.рс.

Според неговите зборови, за да се спречат неповолните последици од сушата, потребно е да се изградат повеќе акумулации во кои ќе може да се складира вода за различни видови на употреба.

„Суштината на управувањето со водите е создавање акумулации каде што ќе можеме да заштедиме вода кога е достапна, за да ги намалиме штетите“, рече Дивац.

Според вчерашните информации од Капетанијата на пристаништата, реките во Србија се пловни, но поради нискиот водостој е зголемен надзорот, а сигналите ги насочуваат бродовите да не се насукаат.

За да се обезбеди непречен речен транспорт, викендов беше интервенирано на две кризни точки на Дунав и едно на Сава, каде багерите го исчистија дното од песокот за да ја добијат потребната длабочина и ширина на водниот пат.