Водачот на еквадорски картел живеел во затворот како крал (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Ќелијата“ во која бил затворен шефот на еквадроски картел, бандата Лос Чонерос од Еквадор, Хозе Адолфо Масијас, познат како Фито, имала бања, брачен кревет и мини фрижидер, јавува Си-Ен-Ен.

Loading...

„Ова е подобро од мојот дом. Живее како крал“, рекол еден од војниците кои го чувале затворот.

Во дворот на казнено-поправниот дом беа миленичињата на Масијас – борбени петли.

Во ќелијата на Масијас има шарени графити кои го прикажуваат со зборовите „плата о пломо“, фраза популаризирана од колумбискиот нарко бос Пабло Ескобар, која опишува избор помеѓу поткуп или куршум.

Затворските ленти покажуваат дека затворскиот систем на Еквадор е под контрола на организираниот криминал.

За помалку од една деценија, картелите и бандите ја претворија некогаш мирната земја во едно од најопасните места во Латинска Америка.

Во последните години зачестија масакрите во затворите. За време на неодамнешните немири, во затворот беа киднапирани над 130 вработени.

„Криминалните организации ја презедоа контролата врз затворите. Затоа Масијас ги имаше сите овие привилегии во затворот: ТВ, интернет, храна, алкохол, жени, што сакаше“, вели Жан Пол Пинто, поранешен советник на еквадорската полиција и разузнавачки служби.

Loading...

И покрај сите привилегии, Масијас реши да избега од затвор во јануари.

Се верува дека тоа едноставно го овозможил затворскиот персонал.

 

 

Затвори надвор од контрола

Политиката за масовно апсење им овозможи на криминалците да регрутираат нови членови на банди во затворите.

Демобилизацијата на колумбиската герилска армија ФАРК во 2017 година отвори можност за еквадорските картели да шверцуваат кокаин од Колумбија во Еквадор.

Се проценува дека моментално во земјата има околу 30.000 членови на банди кои ги контролираат затворските чувари преку заплашување и поткуп.

Loading...

Стражарите се недоволно платени, работат прекувремено и во тешки услови, кои членовите на картелот знаат да ги искористат.

Затворите се исто така преполни, поради што некои затвореници спијат на душеци или по ходници.

Според податоците на Институтот СНАИ, минатата година капацитетот на затворот бил надминат за приближно 3.700 лица.

Џереми МекДермот, ко-основач на Институтот за криминал InSight, рече дека истата шема може да се види низ Латинска Америка.

„Затворскиот систем служи како инкубатор и центар за обука за некои од најмоќните картели“, опиша тој.

Специјален третман

Масијас е единствениот од основачите на картелот Лос Чонерос за кој се верува дека е жив.

Познато е дека е експерт за перење пари. Тој помина повеќе од десет години во затвор.

Неговиот картел и картелот Лос Лобос соработуваат со мексиканските картели.

Loading...

Регионалниот затвор, каде што беше Масијас до неодамна, е еден од петте затвори во Гвајакил, пристанишен град кој се наоѓа на транзитна рута за шверцери на кокаин.

Американското Министерство за финансии објави санкции против Масијас и неговиот картел овој месец.

Во таа прилика објавија дека Масијас имал пристап до мобилен телефон и интернет, што му овозможило да продолжи да комуницира со надворешниот свет, како и да спроведува криминални активности.

Масијас беше снимен и во затвор за спот на бендот Маријачи Браво. Во видеото тој држи петел.

Борбата со петли му е омилена активност, а во неа можел да ужива и во затвор.

По повод неговиот 42 роденден кој го прослави во затвор, организиран е огномет.

Loading...

Војната против картелите

Владата планирала да го префрли Масијас во затвор со максимална безбедност, но тој избегал пред тоа.

Неговата сопруга и децата отишле во Кордоба, Аргентина, каде неодамна купиле куќи, според аргентинските власти.

Сè уште не е јасно како точно Масијас избегал од затвор. Прес секретарот на претседателот тврди дека лидерот на картелот бил информиран дека владата планира да го премести во друг затвор.

Откако Масијас избега од затвор, спирала на насилство ја зафати земјата бидејќи избувнаа немири на затворениците во бројни затвори.

Одговорот на владата беше насилни апсења и милитаризација на полицијата.

Loading...

Претседателот објави „војна на картелите“, кои ги опиша како „наркотерористички групи“.