Во вторник повторно задолжување на Владата

Сподели со своите пријатели

Министерството за финансии на Република Македонија за вторник закажа аукција и планира на домашниот пазар да се задолжи со 488.000 евра.

Loading...

Во втоник ќе бидат спроведени две акуции на хартии од вредност, едната со рок на доспевање од 10 години, додека втората со една година, земајќи ги во предвид податоците од објавените проспекти.

Веќе на 20-ти декември ќе треба да се вратат 487.804 евра.

Најновото задолжување ќе помине без вето од страна на дополнителниот заменик министер за финансии бидејки државата ке се задолжи со истиот износ колку што треба да се врати од старите долгови.

Според календарот на Министерствотоза финансии до крајот на годината ќе се одржи уште една аукција на државни хартии од вредност.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.