Во возило во Куманово откриени 21 мигрант, од нив 10 малолетници

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едно лице мигранти рано утринава биле откриени во возило во кумановско.

Loading...

– На 09.09.2020 околу 01,00 часот во с.Матејче-кумановско, полициски службеници од Полициското одделение Матејче дале знак да застане патничко моторно возило „рено еспејс“ со штипски регистарски ознаки, но истото продожило да се движи кон с.Отла.

По кратко време на ул.„11-Ноември“ во Куманово, од полициски службеници од СВР Куманово возилото било сопрено, при што било констатирано дека е управувано од Д.Ј.(70) од Штип.

Во возилото, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, се превезувале 21 мигрант и тоа од Сирија, Авганистан, Пакистан и Бангладеш, од кои 10 малолетни лица.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Куманово. Д.Ј. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

Leave a Reply