Во Викендот без ДДВ консатирани 15 прекршоци кај трговците во однос на цените

Сподели со своите пријатели

Пазарните инспектори за време на Викендот без ДДВ констатирале 15 прекршоци на Законот за трговија и за заштита на потрошувачите.

Loading...

Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска денеска на прес-конференција соопшти дека за време на спроведување на Викендот без ДДВ инспекторите на Државниот пазарен иснпекторат извршиле контрола во насока на тоа дали цените на производите внесени во трговските книги соодветствуаат со оние што се истакнати, а со цел да се спречи можна манипулацја со цените.

При спроведените контроли, соопшти таа, пазарните инспектори констатираа 15 прекршоци на Законот за трговија и заштита на потрошувачите.

Викендот без ДДВ се спроведе изминатиот викенд на 10,11 и 12 октомври, кога како дел од четвртиот сет економски мерки на Владата,, граѓаните имаа можност за купени македонски производи и услгуи и компјуерска опрема да го добијат назат целиот износ на пресметаниот ДДВ на фискалната сметка за таквиот производ или услуга.

Сузи Котева-Стоименова

Leave a Reply