Во Турција почна судење поради уривањето на зградите во земјотресот

Сподели со своите пријатели

Денеска во Турција започна првото големо судење поврзано со одговорните за изградбата на зградите кои се урнаа во двата големи земјотреси во февруари 2023 година, во кои загинаа повеќе од 50.000 луѓе.

Loading...

Сослушувањето во градот Адијаман на југоистокот на земјата опфаќа 11 обвинети за „свесна небрежност“ при надзорот на изградбата на хотелот „Исијас“, пренесува Франс прес.

Петмина од 11-те обвинети, вклучително и сопственикот на хотелот, беа уапсени и обвинети за кривични дела што може да носат повеќе од 20 години затвор.

Во уривањето на хотелот загинаа 24 ученици од северниот дел на Кипар кои отпатувале во Турција на училишен турнир во одбојка.

Вкупно 72 лица загинаа во уривањето на зградата на хотелот – од кои 39 од северен Кипар.

Во обвинението се наведува дека зградата во 2001 година била незаконски пренаменета од резиденција во хотел, а хотелот незаконски подигнал дополнителен кат на деветте дозволени со првичниот план.

Меѓу обвинителите е и премиерот на Северен Кипар, Унал Устел.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган излезе политички неповреден од катастрофата, победувајќи на изборите неколку месеци по земјотресот, забележува АФП.

Loading...

Турската полиција уапси околу 200 лица за наводна лоша градба веднаш по првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени.

Критичарите на Ердоган тврдат дека повеќето од големите турски градежни компании и компании за недвижнини имаат блиски врски со владејачката партија АКП за време на неговото 21-годишно владеење.