Loading...
Утрово во центарот на Тирана е убиен 66-годишен маж, за кого медиумите наведуваат дека е познат нарко бос.
Тој бил застрелан со пригушувач на звук, а според АБЦ Албанија, тоа е Бехар Суло Софија кој бил добро познат на полицијата по своите криминални активности.
Тој бил уапсен пред неколку години за шверц на десетици килограми дрога од Турција во Албанија, а учествувал во инцидент во Драч во 2009 година, во кој биле убиени четворица полицајци.
Полицијата тврди дека неговото убиство било добро организирано и се претпоставува дека убијците пукале од автомобил во движење.
Истрагата е во тек, а полицијата ги проверува камерите за надзор поставени во областа каде што тој бил убиен.
Loading...