Во текот на денот променливо облачно, а вечерва дожд

Сподели со своите пријатели

Денеска нè очекува промеливо облачно време, но сепак со сончеви периоди, особено во првата половина од денот, пишува порталот МетеоПро.

Ветерот е она што ќе биде значаен дел од метеоролошката слика за овој ден, затоа што во претпладневните часови ќе дува умерен југозападен во западниот крај и југоисточен ветер во повардарскиот и источниот крај, кој во вечерните часови ќе премине во северен правец.

Минималните температури низ целата држава се во позитива, додека маскималните дневни ќе се движат од 19 до 23 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, но во вечерните часови поради зголемување на облачноста ќе има и појава на дожд. Максималната дневна температура ќе го достигне 19-то степен, а минималната во вечерните часови ќе изнесува околу 7 степени целзиусови.

Според метеоролозите вечерва, односно утре ќе започне нов влажен бран кој ќе донесе нови врнежи од дожд. Вчера со предупредување од УХМР ги известија граѓаните за услови за изолирана појава на невреме, проследена со обилни врнежи од дожд, грмотевици, ветер и град.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.