Во тек е реконструкција и опремување на Задружен Дом во село Пчиња (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во тек е реконструкција и опремување на Задружен Дом во селото Пчиња, информираше денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

Loading...

Објектот од 200 м2 кој беше руиниран, треба да прерасне во туристичко-промотивен центар на Бислимската Клисура, како дел од проектот „Светлина од минатото“ кој се имплементира преку Центарот за развој на Североисточниот плански регион во партнерство со Историски Музеј – Дупница, по програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија,заедно со ЕУ и Министерство за локална самоуправа, објави Димитриевски.

 

 

Како што се наведува во објавата на градоначалникот, на приземјето ќе се сместат инфо центарот за посетители (мапи за движење низ клисурата, информации за туристички услуги кои се нудат), галериски простор за презентација на културно и природно наследство, додека на катот се наоѓаат 2 канцеларии – администритативен простор на објектот.

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски