Во тек е етапната исплата на мартовските пензии

Сподели со своите пријатели

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија за раст на пензиите, која следи два индикатори односно 50% од порастот на просечната плата и 50% од порастот на трошоците за живот. Ова усогласување се врши два пати во годината март и септември и претставува постојан раст на пензиите.

Loading...

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски за МТВ: Граѓаните залужуваат на дебата да видат кој кандидат за Претседател на државата што нуди

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.03.2023 година (вторник);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2023 година (среда);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2023 година (четврток) и

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.03.2023 година (петок).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 28 март (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот закон за да имаат сите еднакви шанси на изборите