Во Тајван одржани првите геј венчавки

Сподели со своите пријатели

Стотици истополови парови на Тајван посакале денеска да стапат во брак, на првиот ден под одлуката за легализација на истополови бракови.

Loading...

Матичарите во Тајпеј се пребукирани затоа што паровите брзале да ја зграпчат можноста да се венчаат.

Тајван минатата недела стана прво место во Азија каде се дозволени истополови бракови за што ЛГБТ активистите на островот се залагале две децении.

Еден жител на Тајпер кој се претставил само со прекар рекол дека тој и неговиот партнер се среќни што можат да кажат на сите дека ќе се венчаат.

Тајванското Министерство за внатрешни работи соопштило дека се очекува пријава за околу 300 истополови бракови.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *