Во светот опаѓа бројот на новозаразени со коронавирус

Сподели со своите пријатели

Бројот на нови инфекции со коронавирус и смртни случаи пријавени на глобално ниво продолжи да опаѓа речиси насекаде во светот, што Светската здравствена организација го опиша како „пожелен пад“ на денешниот брифинг.

Loading...

Здравствената агенција на ОН објави дека минатата недела биле пријавени 4,5 милиони нови инфекции со коронавирус, што е за 16 отсто помалку од претходната недела.

За 13 отсто падна и бројот на починати, а починаа 13.500 пациенти.

СЗО соопшти дека бројот на заразени со коронавирус е намален насекаде во светот, додека бројот на смртни случаи е намален насекаде, освен во Југоисточна Азија, каде што е 15 отсто поголем, и во Западниот Пацифик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мадуро размислува за повторно отворање на Канцеларијата на ОН за човекови права во Венецуела

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека со почетокот на зимата на северната хемисфера и евентуалната појава на поопасен вид на коронавирус, експертите очекуваат зголемување на хоспитализирањата и смртните случаи, пренесува Бета-АП.

Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека стапките на вакцинација, дури и во богатите земји, сè уште се премногу ниски, истакнувајќи дека 30 отсто од здравствените работници и 20 отсто од постарите лица сè уште не ја примиле вакцината.

Од друга страна, цел кинески град е под карантин поради инфекција со Ковид 19.

На сите жители на Ченгду, главниот град на кинеската провинција Сечуан на југозападот на земјата, им е наредено да не ги напуштаат своите домови од 18 часот денес, освен задолжителното тестирање за Ковид 19, јавува Си-Ен-Ен.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза

Според строгите епидемиолошки мерки на властите во градот со над 15 милиони жители, домаќинствата можат да испратат едно лице со негативен тест во текот на денот да купи намирници, а жителите со итни барања, како одење на лекар, подлежат на одобрението на комисијата на куќниот совет, пренесува Танјуг.

Сите бизниси се затворени освен супермаркетите, аптеките и болниците.

Новите мерки го одразуваат инсистирањето на Кина на таканаречената „политика на нулта толеранција кон коронавирусот“, која има за цел да ја потисне секоја појава во рана фаза.

Ченгду во средата пријави 156 случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на случаи на повеќе од 700 во текот на изминатата недела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот Конгрес донесе закон што може да доведе до крај на ТикТок