Во Струмица ќе биде подигнат споменик во чест на загинатите пилоти

Сподели со своите пријатели

Одборот за подигање на спомен – обележја при Советот на општина Струмица, распиша јавен конкурс за изработка на идеен проект за подигање на спомен – обележје на загинатите пилоти од хеликоптерската единица на МВР, информира порталот Струмицаденес.

Loading...

Одлуката за распишување на конкурсот е донесена на седницата на Советот на општина Струмица која што се одржа на 20 октомври, при што претседателот на Одборот за подигање на спомен – обележја при Советот на општина Струмица, Петар Божинов, упати јавен повик до сите креативни правни и физички лица да понудат свои идејни решенија.

Хеликоптерската несреќа кај Струмица се случи на 10 јули 2014 година во околу 22.00 часот кога хеликоптер на Министерството за внатрешни работи со екипаж од четири лица удри во предавател наМакедонската радиотелевизија и се сруши на земјата.

Во несреќата загина и Марјан Трајковиќ од Куманово, долгогодишен капетан и искусен пилот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.