Во Старо Нагоричане рачно ќе се изработат 36 народни носии (видео и галерија)

Сподели со своите пријатели

Во тренинг центарот во Општина Старо Нагоричане, вчеранавечер свечено беше пуштена во употреба работилница за шиење на носии и изработка на сувенири, како дел од проектот  ”Унапредување на човекови права и заштита на малцинства во Југоисточна Европа” кој се имплементира во Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.

Loading...

Општина Старо Нагорчане заедно со Културно – уметничкото друштво ”Српски вез” во наредните десет месеци ќе отвори работилница за изработување на народни носии за потребите на КУД ”Српски вез”, истакна Далибор Китановиќ, претседател на друштвото, при што, целата изработка ќе се одвива заедно со Миодраг Анѓелковиќ, магистер по модерно ткаење кој доаѓа од Врање, Република Србија.

[huge_it_gallery id=”18″]

 

– Во текот на 10 месеци, четири женски лица од Старо Нагоричане рачно ќе работат на изработување на народни носии, и тоа рачно на набавени разбои, машини за шиење, за пеглање и даски за распеглување на исткаените делови од носиите, вели Китановиќ

За потребите на десетмесечниот проект, набавени се материјали, конци и други потребни средства, вели претседателот на ”Српски вез”, и се очекува да се изработат вкупно 36 носии, и тоа 12 носии од српското поднебје, 12 од Пчинскиот регион и 12 македонски народни носии.

 – Според проектот, планирано е да се изработат и украси и сувенири, со што во февруари 2016 година, планираме да направиме изложба, каде што ќе ги изложиме сите изработени предмети и носии. На овој начин, ќе се работи на спречување на иселување на младите од општината, но и на промоција на српската традиџија, јазик и обичаји,  вели Китановиќ. 

На проектот преку Советот на Европа се пријавија многу држави, вели Александра Вујиќ, координатор од Советот на Европа но, Општина Старо Нагоричане е една од петте општини која го доби грантот за изработка на народни носии.

– Ми претставува задоволство да видам дека српската заедница во Македонија која патем е една од помалите заедници ќе има свое место во овој проект за Југоисточна Европа, вели Вујиќ.

Преку проектот ќе се работи на унапредување и заштита на културата на Србите во општината Старо Нагоричане, заштита на српската музика и култура во Македонија, вели Милован Стојковски, градоначалник на Општина Старо Нагоричане.

Loading...

– Со овој проект, заедно со останатите проекти за заживување на Општина Старо Нагоричане како рурална општина, правиме се што е во наша можност да ги анимираме младите, со надеж дека многу скоро ќе организираме фолклорен фестивал на новоизградениот плоштад, вели Стојковски.

Инаку, КУД ”Српски вез” својот прв настап го планира за 5 мај, на манифестацијата ”Ѓурѓевдански свечености”, организиран од општина Старо Нагоричане. Во моментот, друштвото брои 97 деца кои доаѓаат од сите села кои се под ингеренција на општината.

Пробите на друштвото се одвиваат во новоотворениот Центар за млади во општина Старо Нагоричане.

Leave a Reply