Во спортската сала во Куманово се откриени фалсификувани банкноти

Сподели со своите пријатели

По претходно добиени оперативни сознанија и превземени оперативно тактички мерки, СВР Куманово на 18 ноевмри,  во два одделни случаи пронајде фалсификувани пари.

Loading...

Во првиот случај, врз основа на издадена наредба од Основен суд Куманово, извршен е претрес во домот на Б.Џ. (29) лоциран во с.Опае, Општина Липково при што се пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети одземени се 10 банкноти во апоени по 50 евра сите со ист сериски број и 1 (еден) гасен пиштол со 4 куршуми.

По целосно расчистување и документирање на настанот, против Б.Џ. ке биде поднесена кривична пријава за „Фалсификување пари“ и Барање за поведување на прекршочна постапка по Закон за оружје.

Во вториот случај од страна на полициските службеници од СВР Куманово, во Спортска сала Куманово, пронајдени се 18 банкноти по 1.000 денари со ист сериски број, кои се предадени на вештачење во Народна банка на РМ.

СВР Куманово работи на целосно расчистување и документирање на настанот.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.