Во Словенија предупредување за можно излевање на реките

Сподели со своите пријатели

Поради новите врнежи кои денеска и утре ќе наврнат во поголем дел од Словенија, реките може да се излеат, со оглед на тоа што коритата се веќе полни од претходните врнежи, предупреди словенечката агенција за животна средина.

Loading...

Агенцијата предупредува дека до сабота се многу веројатни обилни врнежи.

Утре реките најмногу ќе надојуваат во централна Словенија, во сливот на Савиња, во Подравје и Словенске гориче, а особено е можно излевање во тие области во случај на подолги врнежи.

Во петок повеќето реки ќе продолжат да растат, а водостојот ќе биде висок.

Реките најмногу ќе надојдат во јужна и југоисточна Словенија, каде исто така ќе има можни излевања, наведува агенцијата, додавајќи дека дури кон крајот на неделата се очекува да престанат врнежите и постепено да се намалува нивото на водата на реките.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сопруг убил трудница пред породилиште во Приштина