Во Шпанија запленети три тони кокаин, вреден 180 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Шпанските власти заплениле три тони кокаин, со проценета вредност од 180 милиони евра, во близина на Канарските Острови, на товарен брод кој пловел од Бразил до Летонија.

Loading...

Бродот „Блум“ на грчката компанија бил пресретнат на 360 километри од пристаништето Санта Круз, според извештаите на меѓународниот поморски печат, а пренесува грчки „Катимерини“.

Во меѓународната транспортна база се наведува дека „Блум“ е единствениот брод на компанијата „Рентур чартеринг“ со седиште во Грција, наведува „Катимерини“.

Бродот под знаме на Того, наводно, користел заглавувачи за следење и последен пат пренел сигнал на 17 јануари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

„Блум“ испловил од пристаништето Сантос во Бразил на 20 декември. Неговата дестинација беше Рига во Латвија.

Шпанските царински агенти го заплениле товарниот брод и го однеле во Тенерифе.

Според достапните информации, следела опсежна безбедносна операција на воените и цивилните власти, во која учествувале и нуркачи, а траела повеќе од пет часа.

Вредноста на дрогата се проценува на 180.000.000 евра.

Loading...

Информациите кои се официјално објавени засега не кажуваат што се случило со екипажот, но некои извештаи во Шпанија тврдат дека екипажот е уапсен, пишува грчкиот портал.