Во Северна Кореја смртни казни за дрога, религија и снимки

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја егзекутира луѓе поради наркотици и религиозни активности, како и за ширење снимки од јужнокорејските медиуми, со што се кршат човековите права и слободи.

Loading...

Ова денеска го соопшти јужнокорејското Министерство за обединување.

Јужнокорејското министерство, кое се занимава со меѓукорејски прашања, во извештај од 450 страници ги наведе сведочењата на 500 Севернокорејци од 2017 до 2022 година кои избегале од својата земја, објави Ројтерс.

„Изгледа дека животите на севернокорејските граѓани се во сериозна опасност. Егзекуциите се извршуваат за злосторства кои не бараат смртна казна, вклучително и злосторства поврзани со дрога, дистрибуција на јужнокорејски видеа и религиозни или суеверни активности“, се вели во соопштението на Министерството со Сеул.

Ројтерс вели дека не може независно да ги потврди тврдењата на јужнокорејската влада, но додава дека тие се во согласност со истражувањата на ОН и извештаите на невладините организации.

Пјонгјанг ги отфрли критиките дека ги крши човековите права и ги смета за дел од тактиката за соборување на владата.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.