Во САД подигнати обвиненија против 13 Руси и три руски организации поради вмешаност во изборите

Сподели со своите пријатели

Американските власти подигнаа обвиненија против 13 руски граѓани и три руски органзиации за вмешаност во политичкиот процес во САД.

Канцеларијата на специјалниот советник Роберт Мјулер соопшти дека обвинетите се претставувале како американски граѓани и управувале со профили на социјални мрежи за да привлечат внимание на јавноста во САД за време на изборната трка меѓу републиканецот Доналд Трамп и кандидатот на демократите Хилари Клинтон.

Тие се товарат дека прекршиле кривични закони на САД со својата вмешаност во американските претседателски избори и политичките процеси во државата.

Против нив се поднесени обвиненија за заговор, банкарски и интернет измами, тешки кражби на идентитет. Во обвинението се вели дека тие користеле компјутерски системи во САД за да прикријат „руско потекло“ на своите активности. /МИА

Leave a Reply