Турнирот во мал фудбал ”Видовдан 2015” , во организација на Српската заедница во Македонија р.о. Куманово е во самата завршница.
Вечерва ќе се одиграат полуфиналните натпревари, од кои првиот со почеток во 19 часот помеѓу екипите на Бос М -Здравје Радово и вториот помеѓу Форшпед – Хармонија.
Финалето на турнирот е предвидено да се одигра во сабота во 20 часот, а претходно ќе се одигра натпреварот за трето место и ревијалниот натпревар пред самото финале помеѓу ветераните на ФК Вардар и ветераните на Српската заедница.
За најдобрите три екипи се предвидени пехари и медали, а исто така има пехари и пригодни награди за најдобриот играч, стрелец и голман.
Српската заедница ги повикува сите граѓани да бидат дел од финалето кое ќе се одигра на теренот кај Соколана во сабота во пресрет на празникот Видовден.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.