Во Русија нагло скокна продажбата на антидепресиви

Сподели со своите пријатели

Продажбата на антидепресиви во аптеките скокна во Русија откако претседателот Владимир Путин донесе одлука за делумна мобилизација за војната во Украина, објави државната новинска агенција.

Loading...

Продажбата скокна за 120 отсто во неделата од 19 до 25 септември, објави новинската агенција ТАСС, цитирајќи податоци од истражувачот на фармацевтскиот пазар ДСМ.

На 21 септември Путин нареди делумна мобилизација на 300.000 резервисти.

На многу пациенти за прв пат им се препишуваат антидепресиви

Шефот на Сојузот на фармацевтски здруженија, Викторија Пресњакова, изјави за државната агенција дека од почетокот на војната во Русија на крајот на февруари, побарувачката за антидепресиви, апчиња за спиење и средства за смирување е значително зголемена во споредба со претходните години.

Таа тоа го припиша на „геополитичката и економската ситуација“. Според неа, има многу пациенти на кои првпат им се препишуваат вакви лекови.

Таа посочи дека населението купува и лекови без рецепт за да се смири.

Многу лекови за кои е потребен рецепт на друго место во Европа може лесно да се купат во аптеките во Русија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...