Во првите часови од војната, Зеленски имал молба за Макрон

Сподели со своите пријатели

Белоруската новинска агенција NEXTA објави „историско видео“ од разговорот меѓу украинскиот лидер Володимир Зеленски и неговиот француски колега Емануел Макрон.

Loading...

Двајцата лидери разговарале веднаш по почетокот на руската инвазија, кога Зеленски имал едно барање до својот соговорник, што, судејќи според реакцијата на Макрон, беше премногу тешко.

Имено, Макрон прво го прашал Зеленски како се одвива ситуацијата.

 

 

 

Украинскиот лидер почнал да ги набројува градовите кои беа нападнати и нагласи дека ситуацијата е многу поопасна отколку во 2014 година.

Повеќе од загрижен, Макрон не знаеше што да му каже на својот колега. Почна да пелтечи, а потоа имаше молба што целосно го парализираше.

Loading...

Зеленски му рекол дека во тој момент најважно за целиот свет е тој и претседателот на САД да му се јават на рускиот колега Владимир Путин, да се резонираат со него и да му кажат да престане со нападите.

Во тој момент, Макрон, кој веќе беше блед и изгледаше како да не е подготвен за се што се случува во тој момент на светот, збунето ги крена веѓите и почна благо да кимнува со главата во знак на негирање.

Што направил по средбата, а што одговорил, не се знае, бидејќи видеото застанува по прашањето на Зеленски.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.