Во поплавите во Венецуела загинаа најмалку 20 лица (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 20 лица загинаа во западната држава во Венецуела, Мерида, по обилните дождови што предизвикаа свлечишта и поплави.

Loading...

Во средата вечерта, службеникот на Социјалистичката партија во Мерида објави на државната телевизија дека бројот на загинати е зголемен и дека властите работат на обновување на телефонските линии во некои области, објави Ројтерс.

Државниот гувернер Рамон Гевара изјави претходно дека се уништени повеќе од 1.200 куќи и дека 17 лица се водат како исчезнати.

Видеата на социјалните мрежи покажуваат автомобили што ги однел поројот, згради во кои навлегла кал и лизгање на земјиштето на патиштата.

– Неколку градови во погодената област се без електрична енергија, бидејќи поплавите ги оштетија трансформаторските станици, додаде Гевара.

Министерот за полиција Ремихио Себаjос во средата за државната телевизија изјави дека најмалку 54.543 луѓе во 87 општини претрпеле некаква штета.

 

Loading...